Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

company_logo

Позиција

Административен асистент

Организација

ПЗУ Специјална болница ДИАМЕД Скопје

Индустрија

Медицина

Опис на работната позиција

ПЗУ Специјална болница по нефрологија со дијализа ДИАМЕД Скопје за потребите на работниот процес објавува оглас за работнo место:   
Соработник за оперативно работење

Потребни карактеристики и вештини:
 Способност за брзо учење
 Развиени комуникациски вештини
 Организираност, способност за тимска работа

Главни одговорности:
 Врши заверка на документи во Архивска книга;
 По потреба врши нарачки на медицински и канцелариски материјал за потребите на болницата, по претходно доставено требовање од магацин;
 Одржува контакти со деловни соработници и по потреба присуствува на состаноци;
 Подготвува и доставува поднесоци до надлежни органи;
 Врши проверка на доставени испратници и требовања од страна на Магацин и Аптека;
 Врши прием и преглед на фактури и истите ги евидентира во книгата за влезни фактури;
 Спроведување на попис на крајот на годината, броење на материјали во магацините како поддршка на Магационерот
 Замена на магационерот по потреба, примање на роба, делење на роба од магацин и изготвување на испратници;
 Изготвување на статистички извештаи;
 Во случај на дефект на било каков апарат во болницата или средство за работа, со одобрување од Одговорното лице во Установата, да обезбеди лице (мајстор) за отстранување на дефектот.
 Закажување состаноци;


Доколку сметате дека ги исполнувате погоренаведените услови, Ве охрабруваме да ни ја испратите Вашата биографија, со задолжително наведување на работната позиција за која се пријавувате, и истата доставете ја најдоцна до 27.06.2024 година на следниот e-mail: frosina.filipova@dmed-medical.com

Потребни квалификации

	Средно или високо образование
 Работно искуство минимум две години со канцелариско работење
 Работа со компјутери и одлично познавање на MS Office
 Задолжително познавање на англиски јазик

Објавен на: 18/06/2024

Краен рок за пријавување: 27/06/2024