Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

company_logo

Позиција

Администратор/Организатор

Организација

МАРЕКО ДОО СКОПЈЕ

Плата

36000

Индустрија

Животна средина

Опис на работната позиција

МАРЕКО (Macedonian Auto Recycling Ecology ) ДОО Скопје  , е Друштво за управување со автомобили и автомобилски отпад и истото е основано во 2023 година од страна на 18 правни лица кои се увозници на автомобили во Македонија.
Основната дејност на МАРЕКО ДОО Скопје е : Дејности за санација и останати услуги за управување со отпад;

МАРЕКО ДОО Скопје е во потрага по амбициозни, организирани и проактивни професионалци кои ќе се приклучат на нашиот тим. Нудиме можност за работа во динамична и поддржувачка средина, каде што вашите идеи и иницијативи ќе бидат вреднувани.


МАРЕКО ДОО Скопје е прва и водечка компанија за управување со автомобили и автомобилски отпад која постојано се развива и проширува, обезбедувајќи услуги според највисоките европски стандарди.
Како компанија која ги вреднува своите вработени, се стремиме да обезбедиме најдобри услови за работа и можности за професионален развој.

Нудиме:
– Можност да бидете дел од компанија која поттикнува чувство на припадност и обезбедува силна поддршка;
– Пријатна и мотивирачка работна атмосфера;
– Работни услови усогласени со европските стандарди;
– Можности за кариерен напредок и професионален развој во рамките на компанијата.
- Поддршка од тимот за подготовка и обработка на потребните податоци .
- Комуникација со потенцијални и постоечки клиенти преку телефон, е-пошта и други канали за комуникација.
- Организација и координација на состаноци и презентации за фирмата .
- Одржување и ажурирање на база на податоци за клиенти и деловни активности.
- Подготовка на извештаи за тековното работење и анализа на резултатите.
- Следење на трендовите во конкретната индустрија и предлагање стратегии за по добро работење.
- Учество во креирање на маркетинг кампањи и промотивни активности.
- Поддршка на административните задачи поврзани со процесот на работа .

- Соодветни обуки ;

-Работно време од 8:00 до 16:00 часот;

Потребни квалификации

- Завршено ССС образование  или ВСС . ( предност имаат кандидати со завршен  факултет).

- Претходно искуство не е неопходно .

- Одлични комуникациски вештини, со способност за градење и одржување на односи со тимот и соработниците .

- Способност за работење во динамична средина и исполнување на зададените цели.

- Добри организациски вештини и способност за управување со повеќе задачи истовремено.

- Познавање на компјутерски програми, особено Microsoft Office систем.

- Проактивен пристап, со желба за учење и професионален развој.

- Способност за анализа на секторот и идентификација на нови можности за развој.

- Познавање на повеќе јазици ќе се смета за предност.

Контакт - marekodoo2023@gmail.com

www.mareko.mk

Објавен на: 14/03/2025

Краен рок за пријавување: 14/04/2025