Позиција
Градинар
Организација
Микеи Интернационал
Индустрија
Трговија
Опис на работната позиција
Главни одговорности и обврски:
Одржување на зеленило, цвеќиња, украсни дрвја во дворната површина на комплексот
Поткастрување на разни листопадни и иглолисни растенија/дрвја во различни големини
Косење, одржување и негување на тревна површина
Ѓубрење на истите и нивно наводнување
Управување со машини за косење и рачна моторна косилка
Чистење и собирање на лисја
Компанијата за своите вработени нуди:
Работа во реномирана компанија
Договор на неопределено време
Платена храна - обезбеден оброк и пијалоци
Редовна плата
Одлични услови за работа во пријатна атмосфера и можност за професионален напредок .
Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата биографија со фотографија на следната e-mail адреса: vrabotuvanje@kamnik.mk
За повеќе информации јавете се на тел. 02/ 2523-523 секој работен ден од 8:30 до 16:00 часот.
Потребни квалификации
Очекувани квалификации:
Завршено средно образование
Висока работна етика и добри практични вештини
Претходно искуство во градинарско работење ќе се смета за предност
Потребни способности и вештини:
Професионален и одговорен однос кон работата
Лојалност, доверливост и енергичност во исполнување на обврските
Дисциплина, организираност и одговорност
Посебна посветеност кон мерките за безбедност и здравје при работа
Ефикасност и педантност во вршење на работните задачи
Објавен на: 13/09/2024
Краен рок за пријавување: 10/10/2024