
Позиција
Продавач
Организација
Камник
Индустрија
Трговија
Опис на работната позиција
Вински салон Grand Cru инкорпориран во винска продавница која ги обединува македонските и регионалните со голема примеси на винари од познати светски региони. Ново руво во градот под закрила на винаријата Chateau Kamnik, каде што се создава магијата на виното и гастрономијата.
Биди и ти дел од нашиот тим! ....
Главни oдговорности и oбврски:
Извршување на продажни активности на производите од продавницата согласно политиката на компанијата
Учество во мини дегустации со веќе одбрана понуда на вина како и вклученост во сите вински презентации
Посветеност на самите гости во продажбата, како и во самите дегустации
Почитување и одржување на воспоставените стандарди и политики на компанијата
Учество во маркетинг активности и промоција за подигнување на винската култура преку комуникација со купувачи и клиентите
Компанијата за своите вработени нуди:
Работа во една од најпрестижните винарии во државата
Договор на неопределено време
Конкурентна плата и одлични услови за работа во пријатна атмосфера и можност за професионален напредок
Можност за обука за целокупната винска селекцијаа, како и обука за водење на дегустации
Официјална обука за асортиманот на производи на RIEDEL, винска едукација, едукација на комбинација на храна и вино, едукација на премиум цигари (пури, томпуси)
Можност за надградба на сопствените знаења и нивно проширување со акредитирани странски школи
Посета на винарии партнери, за проширување на знаењата и тековни дегустации.
Можност за дополнителен бонус
Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата биографија со фотографија на следната e-mail адреса: vrabotuvanje@kamnik.mk
За повеќе информации јавете се на тел. 02/ 2523-523 секој работен ден од 8:30 до 16:00 часот.
Потребни квалификации
Очекувани квалификации:
Завршено најмалку средно образование
Одлично познавање на англиски јазик
Претходно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
Развиени компјутерски вештини
Потребни способности и вештини:
Комуникативност и поседување на добри презентациски и продажни вештини
Познавање и интерес за вина
Совесност и одговорност за извршување на работните задачи
Професионалност и деловна култура
Самоиницијативност и флексибилност, способност за тимско и индивидуално работење
Поседување на амбиција и желба за усворшување на личните знаења и вештини
Организираност и посветеност на детали
Подготвеност за работа во смени
Објавен на: 28/03/2025
Краен рок за пријавување: 24/04/2025