Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

company_logo

Позиција

Специјалист по медицинска биохемија

Организација

ПЗУ Специјална болница ДИАМЕД Скопје

Индустрија

Медицина

Опис на работната позиција

ПЗУ Специјална болница по нефрологија со дијализа Диамед Скопје е дел од D.Med Healthcare Group со седиште во Дизелдорф, Германија. D.Med Healthcare Group е глобален проваидер на медицински услуги и производи со посебен фокус на нефрологија со дијализата како и производи во други медицински области. Специјалната болница Диамед, како дел од групацијата обезбедува висококвалитетни услуги за дијализа за пациенти кои имаат бубрежни заболувања, бубрежна инсуфициенција и пациенти кои се на хронична програма за хемодијализа и хемодијафилтрација. За потребите на Установата,  имаме потреба од:
Специјалист по медицинска биохемија

Работно место:
Болничка лабораторија во рамки на специјализирана установа за нефрологија, хемодијализа, интерна медицина и медицина на труд.
Работни обврски:
• Следење и интерпретација на биохемиски параметри кај пациенти
• Организација и надзор на лабораторискиот процес
• Имплементација и следење на протоколи и SOP
• Контрола и унапредување на системот за квалитет
• Соработка со менаџмент во развој на лабораториски услуги
• Надзор и координација на лабораториски персонал
• Учество во едукации, научни активности и континуирана медицинска едукација
Што нудиме:
• Работа во високо специјализирана приватна здравствена установа
• Мултидисциплинарен пристап (нефрологија, дијализа, интерна медицина, медицина на труд)
• Современа лабораториска опрема
• Можност за професионален развој и научна соработка
• Конкурентен финансиски пакет согласно искуство

Заинтересираните кандидати да достават:
• CV
• Копија од диплома и лиценца
• Мотивациско писмо
со задолжително наведување на работната позиција за која се пријавувате, најдоцна до 24.04.2026 година на следниот e-mail: lidija.trpcevska@dmed-medical.com

Потребни квалификации

•	Завршена специјализација по медицинска биохемија
• Важечка лиценца за работа
• Познавање на стандарди за квалитет (ISO стандарди, интерна и екстерна контрола на квалитет)
• Познавање на лабораториски информатички системи
• Организациски способности и одговорност
• Тимска работа

Контакт информации

Емаил

lidija.trpcevska@dmed-medical.com

Телефон

022033530

Објавен на: 09/04/2026

Краен рок за пријавување: 24/04/2026