Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

Позиција

ОПЕРАТОР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ (во автомобилска индустрија)

Организација

ИНВЕНИО

Индустрија

Автомобилска

Опис на работната позиција

Оператор за контрола на квалитет и подршка во текот на прозиводство
Реон: Охрид, Струга, Кичево, Ресен
ИНВЕНИО ДООЕЛ е дел од меѓународна инженерска компанија со свои претставници во Европа, Кина, САД и Австралија. Со над триесет години искуство во областа на инженерските услуги и услугите за развој и управување на кавлитетот, нашите специјалисти учествуваат во секој еден момент од создавањето на производот. Дејствуваме како во нашaтa фирма, така и на територијата на претпријатието на клиентот.
Во врска со плановите за проширување на компанијата, ние бараме мотивирани кандидати за работната позиција оператор за контрола на квалитет и поддршка во текот на производството во автомобилската индустрија на локација на наш клиент во Бунарџик зоната
Обврски:
• Врши контрола според документацијата која ќе му биде дадена од Работодавачот за проверка на уредите, пополнување на картичките за собирање податоци.
• Ги опслужува и ги набљудува машините за производство на пластични производи и го прати нормалното функционирање за истите.
• Извршува потребна подготовка на машината за работа.
• Врши визуелна контрола на делот за инјектирање и го елиминира незадоволителниот резултат.
• Ги отстранува дефектите во обликуваниот дел.
• Ги подредува готовите производи по утврдениот редослед, во зависност од видот на деталите и ги идентификува по претходно укажан начин.
• Го познава принципот на работа на периферните уреди за мелење, сушење, мешање и дозирање на материјалот и знае да работи со нив.
• Носи одговорност за допуштени намерни или ненамерни грешки при контрола на производите.
• Носи одговорност за нанесени штети при нестручно извршена работа.
• Носи одговорност за испраќање на несоодветни производи.
• Носи одговорност за допуштање на мешање на квалитетно и неквалитетно производство.
• Води грижа за барањета на СУК – процедури, работни инструкции, упатства во врска со работното место.

Услови:
• Способност за самостојна работа и работа во тим
• Самоиницијативност и иницијативност за учење
• Флексибилност и можност за работа во три смени;
• Прецизност и посветеност во работата
• Почитување на работните инструкции, стандарди за работа и инструкции предвидени за заштита при работа
Ние нудиме:
• Работа во интернационална компанија
• Обезбеден превоз
• Обезбеден оброк
• Работа во динамична атмосфера
• Атрактивна исплата и бонуси;
• Можност за напредoк.
Заинтересираните кандидати можат да ја достават својата биографија на следната е-маил адреса: office@invenio.mk или да се јавите на 02/2437-775

Потребни квалификации


                        

Контакт информации

Емаил

office@invenio.mk

Телефон

02/2437-775

Објавен на: 11/04/2024

Краен рок за пријавување: 31/07/2024